ПОЛИРАН БЕТОН

0
5082
poliran-beton4

Систем на подот VI – Полиран бетон.

Полираниот бетон претставува нова или стара бетонска подлога, обработена со дијамантско брусење и запечатена со длабински кристализиран импрегнатор. На тој начин се постигнува рамна и мазна површина со отворена структура, која завршно се обработува по желба на клиентот, т.е. завршниот слој може да биде обоен или прозирен со што би се гледала структурата на бетонот, а при тоа (по потреба) може да се постигне различен степен на рефлексија. Бетонот е зацврстен и запечатен, со цел да не навлегуваат никакви течности во него и добива многу добар надворешен изглед.

Погоден е за изведба во трговски, индустриски и резиденцијални објекти. Главна предност е што цврстината е во самиот бетон, т.е импрегнаторот кој е навлезен во самите пори на бетонот нема како да излезе или да биде оштетен за разлика од сите други видови на подлоги.